МАКЕДОНИЈА

Македонски железници се во целосен штрајк

Железничкиот сообраќај е во целосен прекин, поради протест на вработените во Македонски железници, кои бараат да им биде исплатен и вториот дел од платата за октомври. Вчера наутро започна блокадата на товарниот железнички транспорт, а од полноќ не сообраќаат ниту патничките возови. Причината за прекинот е неисплатениот втор дел од …

ПОВЕЌЕ

Заедничка седница на владите на Македонија и Албанија на 15 декември во Поградец

Владите на Република Македонија и на Република Албанија ќе одржат заедничка меѓувладина седница на 15 декември во албанскиот град Поградец. На седницата, како што соопшти владината прес-служба, ќе се разговара на повеќе теми, со цел да се унапреди заемната билатерална активност  и политичкиот дијалог за зајакнување на соработката во сите …

ПОВЕЌЕ

131 лица загинале во сообраќајки за 11 месеци во земјава

За неполна година 131 лице загинале во сообраќајки на патиштата низ Република Македонија, вели статистиката од Министерството за внатрешни работи. Од МВР посочуваат дека, според направените анализи, главна причина за случените сообраќајни незгоди е човечкиот фактор, односно управувањето на автомобилите со неприлагодена брзина. За разлика од годинава, во истиот период …

ПОВЕЌЕ

По притисоците, паднаа првите оставки во ДИК

По многубројните реакции и извршениот притисок, паднаа првите оставки во Државната изборна комисија. Претседателот комисијата Александар Чичаковски изјави дека поднел барање за престанок на функцијата претседател на Комисијата. Оставката, рече Чичаковски, е негов личен чин.  Чичаковски оставката ја поднесе откако во јавноста беше обелоденето дека членовите на ДИК зеле високи …

ПОВЕЌЕ

Дополнителни субвенции за лозарство

Лозарите ќе добијат дополнителни два денари субвенција за килограм винско грозје. Право на користење на овие пари ќе имаат земјоделците со лозови насади, и остварено и предадено производство во регистрирани винарници. И винските визби кои имаат насади имаат право на овие субвенции, доколку грозјето го искористиле за сопствени потреби. Барањата …

ПОВЕЌЕ

Одложена амандманската расправа за законот за јазиците

Комисијата за европски прашања на која требаше да почне амандманската расправа за Предлог законот за употреба на јазиците е одложена поради, како што појасни, претседателот на Комисијата Артан Груби неприсуство на претставници од Министерството за правда. – Министерот за правда ме извести дека е во Летонија, и ние го очекувавме …

ПОВЕЌЕ

ВМРО-ДПМНЕ ќе добие нов лидер

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе Одлука со која што 22 и 23 декември 2017 година ги утврди како датум на одржување на вонредниот 16-ти Конгрес. Вонредниот 16-ти Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржи во Валандово, а согласно Статутот на партијата на него ќе учествуваат 544 делегати од редовниот 15-ти Конгрес …

ПОВЕЌЕ

Претседателот Иванов во официјална посета на Бразил

Претседателот Ѓорге Иванов, од денеска ќе престојува во официјална посета на Бразил. Утре во Бразилија со највисоки државни почести ќе биде пречекан од претседателот Мишел Темер. Ова е прва официјална посета на претседател на Република Македонија на Федеративна Република Бразил и на Латинска Америка. Шефот на државата Иванов ќе присуствува …

ПОВЕЌЕ

Премиерот Заев во официјална посета на Косово

Премиерот Заев утре ќе престојува во еднодневна официјална посета на Косово. Ќе се сретне со неговиот колега Рамуш Харадинај, а ќе има средби и со претседателот на Косово, Хашим Тачи и со претседателот на Собранието, Кадри Весели. Македонскиот премиер ќе се сретне и со претставници на македонско- косовската бизнис заедница. …

ПОВЕЌЕ

Нимиц на средба со преговарачите за името во Брисел

По три години пауза, во Брисел денеска и утре нова рунда преговори меѓу Македонија и Грција со посредство на медијаторот Нимиц. Двете страни ќе ги соочат своите аргументи по однос на прашањето за името. Од македонското МНР официјално потврдија дека нема да има проширување на преговарачкиот тим и како претставници …

ПОВЕЌЕ