ПОЧЕТНА / НАЈНОВИ ВЕСТИ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонски железници се во целосен штрајк

Железничкиот сообраќај е во целосен прекин, поради протест на вработените во Македонски железници, кои бараат да им биде исплатен и вториот дел од платата за октомври. Вчера наутро започна блокадата на товарниот железнички транспорт, а од полноќ не сообраќаат ниту патничките возови. Причината за прекинот е неисплатениот втор дел од …

ПОВЕЌЕ

Заедничка седница на владите на Македонија и Албанија на 15 декември во Поградец

Владите на Република Македонија и на Република Албанија ќе одржат заедничка меѓувладина седница на 15 декември во албанскиот град Поградец. На седницата, како што соопшти владината прес-служба, ќе се разговара на повеќе теми, со цел да се унапреди заемната билатерална активност  и политичкиот дијалог за зајакнување на соработката во сите …

ПОВЕЌЕ

131 лица загинале во сообраќајки за 11 месеци во земјава

За неполна година 131 лице загинале во сообраќајки на патиштата низ Република Македонија, вели статистиката од Министерството за внатрешни работи. Од МВР посочуваат дека, според направените анализи, главна причина за случените сообраќајни незгоди е човечкиот фактор, односно управувањето на автомобилите со неприлагодена брзина. За разлика од годинава, во истиот период …

ПОВЕЌЕ

По притисоците, паднаа првите оставки во ДИК

По многубројните реакции и извршениот притисок, паднаа првите оставки во Државната изборна комисија. Претседателот комисијата Александар Чичаковски изјави дека поднел барање за престанок на функцијата претседател на Комисијата. Оставката, рече Чичаковски, е негов личен чин.  Чичаковски оставката ја поднесе откако во јавноста беше обелоденето дека членовите на ДИК зеле високи …

ПОВЕЌЕ

Нова евакуација во Калифорнија поради пожарите

Нова евакуација во Калифорнија. Најголемиот од неколкуте пожари, кои горат веќе една недела, се прошири. Огнот го загрозува градот Санта Барбара, што доведе до присилно иселување. Вкупно 15.000 домови се во опасност. До сега, изгорени се повеќе од 800 куќи, а десетици илјади се без електрична енергија со денови. Гувернерот …

ПОВЕЌЕ

ЕУ не ја одобрува одлуката на САД за Ерусалим

Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини ја поздрави историската посета на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој е првиот челник на владата на единствената еврејска земја во светот, кој дошол во Европската унија во последните 22 години. По Соединетите Американски Држави, Нетанјаху очекува и европскиот блок да го признае Ерусалим за …

ПОВЕЌЕ

Путин нареди повлекување на руските сили од Сирија

Рускиот претседател Владимир Путин во ненајавено патување во Сирија нареди почеток на повлекување на силите на Русија од земјата на Блискиот Исток. „Наредив министерот за одбрана и шефот на генералштабот да започнат со повлекување на групата сили на Русија во нивните постојани места на распоредување“, објави државната агенција РИА цитирајќи …

ПОВЕЌЕ

Србија отвора уште две поглавија во преговорите со ЕУ

Србија денеска на Меѓувладина конференција со ЕУ во Брисел ќе отвори две нови поглавија, 8 и 30 за правата на стопанските дрштва, односно економските односи со странство. Со тоа бројот на поглавијата што Србија ги отвори со ЕУ во претпристапните преговори оваа година ќе изнесува шест, а бројот на досега …

ПОВЕЌЕ

Дополнителни субвенции за лозарство

Лозарите ќе добијат дополнителни два денари субвенција за килограм винско грозје. Право на користење на овие пари ќе имаат земјоделците со лозови насади, и остварено и предадено производство во регистрирани винарници. И винските визби кои имаат насади имаат право на овие субвенции, доколку грозјето го искористиле за сопствени потреби. Барањата …

ПОВЕЌЕ

СВР Битола го одбележа денот на превенцијата

Отсекот за превенција од СВР Битола денеска организираше прием за децата од градинките по повод 9 декември, светскиот ден на превенцијата. Од 2008 година традиционалано овој ден се одбележува со низа  активности со цел поблиску запознавање со работата и опремата на полицијата,  а целна група се  децата од училиштата и …

ПОВЕЌЕ