ПОЧЕТНА / НАЈНОВИ ВЕСТИ / ВЕСТИ / Најмногу дожд во Крушево во изминатите 24 часа

Најмногу дожд во Крушево во изминатите 24 часа

Дождовите стивнуваат, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Врнежи се забележани на крајниот запад и исток од земјава. Од вторник, нѐ очекува постудено време и можни врнежи од снег на планините.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Крушево, односно 17 литри на квадратен метар, а најмалку во Куманово, Охрид и Ѓуриште, само еден литар на квадратен метар, соопшти УХМР. Во Берово биле регистирирани 15 литри, а во Струмица 13 литри на квадратен метар.

Дождот што паѓаше во изминативе четири денови предизвика зголемување на водостојот на Реката Вардар кај Велес од метар и половина. Иако водостојот на реките е во благо опаѓање, можни се локални излевања во горниот дел на Реката Вардар во Полошкиот регион, во сливот на Реката Треска кај Пласница и во сливот на реките Радика, Црн Дрим, Сатеска и Црна.

Според надлежните, идниот викенд нѐ очекува нов бран врнежи, но со послаб интензитет.

Може да ве интересира

По притисоците, паднаа првите оставки во ДИК

По многубројните реакции и извршениот притисок, паднаа првите оставки во Државната изборна комисија. Претседателот комисијата …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *