ПОЧЕТНА / НАЈНОВИ ВЕСТИ / ВЕСТИ / РЕГИОН / „16 дена активизам за спречување на насилството врз жените и девојчињата“

„16 дена активизам за спречување на насилството врз жените и девојчињата“

Правниот факултет од Битола по повод 25.11 Меѓународниот ден за спречување на насилството врз женит и кампањата „16 дена активизам за спречување на насилството врз жените и девојчињата“ која трае до 10.12.2017 се вклучи во активностите на државно и глобално ниво во насока на запознавање на јавноста и студентите со проблемот на родово заснованото насилство и механизмите за заштита и превенција.По тој повод  денеска во факултетот се одржа трибина на која се зборуваше за овој проблем со кој секојдневно се соочуваме.

Пред  трибината беше  потпишан  меморандум за  соработка меѓу Правниот факултет во Битола и меѓуопштинскиот  центар за социјална работа од  Битола, а тоа е  можност идните правници да се запознаа со работата во повеќе институции во градот

Во стручната дискусија учествуваа професори од Правниот факултет, УКЛО, претставници од Министерството за внатрешни работи (СВР Битола), ЈУ Меѓуопштински Центар за социјална работа – Битола, адвокати, преставници од Канцеларијата на Народниот правобранител и Црвениот крст на Република Македонија – Општинска организација – Битола.

Може да ве интересира

Привремено прифатилиште за бездомници и во Битола

Се отвораат уште три регионални пунктови во Струмица, Струга и Битола, кои ќе ќе даваат …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *