ПОЧЕТНА / НАЈНОВИ ВЕСТИ / ВЕСТИ / Ќе се укинува временската ограничување за продажба на алкохол

Ќе се укинува временската ограничување за продажба на алкохол

Министерството за економија за два месеца треба да подготви измени на Законот за трговија со кои ќе се укине ограничувањето за продажба на алкохол по 19 односно 21 часот и ќе се овозможи продажба и во кисоци со поседување лиценца, информираа денеска од ресорното Министерство.

Информацијата за законските измени Министерството за економија ја презентираше на вчерашната владина седница, а како резултат на реализираната посета на компаниите во рамки на проектот „Учиме од бизнис заедницата“.

Предлозите, како што информираше денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски, доаѓаат директно од бизнис заедницата и се усогласени со стопанските комори.

–  Исклучително е важно што оваа информација е усогласена и направена по иницијативата од бизнис заедницата, разговарано е со сите погоолеми компании и со сите стопански комори во Македонија, изјави денеска портпаролот на Владата Миле Бошњаковски.

Со сегашниот закон продажбата на алкохол е ограничена до 19 часот во зимскиот период, односно до 21 часот преку лето. Во киосците, пак, има забрана за продажба на алкохол.

Може да ве интересира

По притисоците, паднаа првите оставки во ДИК

По многубројните реакции и извршениот притисок, паднаа првите оставки во Државната изборна комисија. Претседателот комисијата …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *