ПОЧЕТНА / СПОРТ / Јувентус без Манџукиќ во Неапол

Јувентус без Манџукиќ во Неапол

Масимилијано Алегри се соочува со огромни проблеми околу нападот на Јувентус за супердербито на гостински терен против Наполи, откако Марио Манџукиќ отпадна од комбинација за овој меч.

Хрватот веќе извесно време влече незгодна повреда, па иако настапи и постигна гол на последниот дуел со Кротоне, сепак сега ќе мора да мирува извесно време. Покрај него, во тимот нема да се најде ниту Германецот Хеведес.

Но затоа во комбинација за настап на овој натпревар е Гонзало Игуаин. Аргентинецот според последните информации од Италија велат дека тој забрзано се опоравува по операцијата на раката и би можел да заигра дури и од првата минута против „наполитанците“.

Може да ве интересира

Голден Стејт најмалку три седмици без Стеф Кари

Стеф Кари ќе паузира најмалку три седмици од кошаркарските терени по повредата што кошаркарот на …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *