ПОЧЕТНА / ЗАБАВА / Ѕвездите на „Stranger Things“ ќе добијат големи покачувања за третата сезона

Ѕвездите на „Stranger Things“ ќе добијат големи покачувања за третата сезона

Серијата на Netflix, „Stranger Things“ стана голем хит кај целата публика, и не е изненадувачки тоа што пред неколку дена беше обновена за трета сезона. Но, актерите кои пред серијата беа комплетни анонимуси, сега имаат многу поголема вредност во актерската индустрија.

The Hollywood Reporter известува дека младите ѕвезди од „Stranger Things“ ќе добијат големи парични покачувања за третата сезона.

Филмскиот магазин вели дека Netflix ќе нарача неколку сезони одеднаш, и дека актерите кои досега беа платени премалку во однос на популарноста, ќе добијат покачувања со кои ќе се покаже нивната вредност за компанијата, но и за серијата.

Изворите велат дека Фин Волфхард (Мајк), Мили Боби Браун (Џејн/Единаесет), Гејтен Матарацо (Дастин) и Кејлеб Меклафлин (Лукас) добиле по 30.000 долари од епизода за првите две сезони, а дополнително им бил доделен и мал бонус откако студиото утврдило дека серијата е хит кај публиката.

„Целата актерска екипа има потпишано договор на 6 години, но на почетокот на 2018 година младите членови на екипата ќе влезат во нови преговори со кои би требало да добијат големи покачувања. Едно прашање на кое не добивме одговор е: Дали најголемата ѕвезда на серијата, Мили Боби Браун, ќе преговара одвоено од остатокот од групата“, пишуваше во извештајот на The Hollywood Reporter.

Се очекува „Stranger Things“ да биде на програмата на Netflix уште најмалку 4 години.

Може да ве интересира

Робин Рајт ја презема главната улога во „Куќа од карти“

Ликот на Робин Рајт, Клер Андервуд, ќе биде во фокусот на последната, шеста сезона од …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *