ПОЧЕТНА / ЗАБАВА / Што ќе научите во Музејот за секс во Њујорк?

Што ќе научите во Музејот за секс во Њујорк?

Сигурно сте слушнале за Музејот на современа уметност во Њујорк, но во градот што никогаш не спие има уште еден музеј што вреди да го посетите, а посетата ќе биде подеднакво забавна и поучна.

Новинарката на Mondo.rs Драгана Тодоровиќ ги пренесува импресиите од музејот MoSex..

Таму има сѐ и сешто, но главната цел на установата е да биде музеј, како што вели основачот Даниел Глук.

Музејот содржи повеќе од 20.000 експонати (предмети, фотографии, филмови, костими, технолошки иновации, книги, списанија, стрипови) кои ја прикажуваат историјата, еволуцијата и културолошкото значење на сексуалноста, а истовремено забавуваат.

MoSex спојува научни текстови, истражувачки осврти, психолошки истражувања во врска со сексот, со смешни инсталации и интерактивни и динамични поставки.

Има дворец на надувување за возрасни наречен Jump for Joy, но сите го викаат House of Boobs, како и вештачка планина за качување на која наместо вдлабнатини и испакнатини има држачи во форма на машки и женски полови органи.

Може да ве интересира

Ријана доби улица во родниот Барбадос

Познатата пејачка Ријана беше специјална гостинка на Барбадос, нејзиниот роден остров, кога минатиот четврток се …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *