ПОЧЕТНА / НАЈНОВИ ВЕСТИ / ВЕСТИ / Шекеринска-Крстичевиќ: Стабилен регион е можен само ако земјите аспиранти станат членки на НАТО

Шекеринска-Крстичевиќ: Стабилен регион е можен само ако земјите аспиранти станат членки на НАТО

Стабилен, безбеден и просперитетен  регион е можен само доколку земјите – аспиранти за членство во НАТО бидат целосно интегрирани во Алијансата. Македонија на збор и дело покажува дека членството во НАТО е нејзин врвен приоритет, а за тоа има и безрезервна поддршка од Република Хрватска, било речено на денешната средба во Загреб на министерката Радмила Шекеринска и хрватскиот министер за одбрана, Дамир Крстичевиќ.
Министерот Крстичевиќ посочил дека Македонија во Хрватска има партнер и пријател подготвен да го отстапи своето знаење и искуство.
– Искуствата на Хрватска се драгоцени за Република Македонија на својот пат кон целосна евроатлантска интеграција, рекол хрватскиот министер на средбата со неговата македонска колешка.
Шекеринска, како што соопшти Министерството за одбрана, потенцирала дека и македонската и хрватската влада имаат исти цели за идната година – зголемување на буџетот на одбраната и подобрување на животните услови на војниците, подофицерите и офицерите, зашто, како што рекла, без задоволни војници нема ни добра армија.
Додала дека Хрватска и Македонија ќе продолжат да соработуваат и во однос на користењето на Регионалниот центар за односи со јавноста во Македонија и воено-образовните капацитети во Хрватска.
– Денеска ја договоривме и соработката на двете држави во однос на стратешките документи, за кои искуството од Хрватска ни е од голема важност“, истакнала македонската министерка.
Хрватскиот министер за одбрана изразил задоволство од одличната билатерална соработка меѓу двете земји.
– Подготвени сме да дадеме помош и совети во спроведувањето на реформите, јакнењето на стабилноста и во процесот на интеграцијата. Имаме одлична билатерална соработка, особено во областа на образованието, а нашите војници и заедно соработуваат во мисијата на НАТО во Авганистан, рекол Крстичевиќ.
Тој го потврдил своето присуство на претстојниот министерски состанок на САД – Јадранската повелба кој ќе се одржи на 1 декември во Охрид.
По средбите во хрватското Министерство за одбрана, министерката Шекеринска ја посетила и Командата на специјалните сили.
Попладнево, Шекеринска ќе се сретне со претседателката на Хрватска, Колинда Грабар – Китаровиќ, а утре и со премиерот Андреј Пленковиќ.

Може да ве интересира

По притисоците, паднаа првите оставки во ДИК

По многубројните реакции и извршениот притисок, паднаа првите оставки во Државната изборна комисија. Претседателот комисијата …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *