ПОЧЕТНА / ХРОНИКА / Четиригодишно дете прегазено во Кичево

Четиригодишно дете прегазено во Кичево

Четиригодишно дете било прегазено со камион вчера во Кичево, соопшти МВР во дневниот билтен. Сообраќајната несреќа се случила околи 9.30 часот на улицата „Драге Карабуничанец“, кога Д.А. (22), возејќи товарно возило „Фолксваген Крафтер“ со кичевски регистарски таблички урдил во детето.

Тоа било пренесено во Медицинскиот центар во Кичево со тешки телесни повреди, а оттаму во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото извршила екипа од полициската станица во Кичево.

Може да ве интересира

Тешка сообраќајка на патот Ресен-Стење, возачот во кома

Дваесет и осум годишниот В.К. од селото Царев Двор е тешко повреден и во коматозна …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *