ПОЧЕТНА / НАЈНОВИ ВЕСТИ / ВЕСТИ / Ципрас: Грција во 2018 година ќе ги остави зад себе болните реформи

Ципрас: Грција во 2018 година ќе ги остави зад себе болните реформи

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека земјата ќе сврти нова страница во наредната година и ќе ги остави зад себе болните реформи, кои мораше да ги спроведе како услов за да добие финансиски средства по економскиот колапс во 2009-та година. – Конечно дојде мигот на грчката економија. Стратегијата на мојата Влада и напорите на грчкиот народ дадоа резултат, изјави Ципрас, за време на приемот на Американската стопанска комора во Грција. Ципрас укажа на фактот дека во три квартали грчката економија забележа раст, што, според него, е доказ дека најлошото за Грција поминало. Грчкиот премиер очекува во август 2018 година земјата да излезе од меморандумот со европските и меѓународните доверители, по што ќе може повторно да води сопствена економска политика.

Може да ве интересира

ЕУ не ја одобрува одлуката на САД за Ерусалим

Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини ја поздрави историската посета на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *