ПОЧЕТНА / СПОРТ / Хандановиќ во Интер до крајот на кариерата

Хандановиќ во Интер до крајот на кариерата

Италијанскиот фудбалски тим Интер успеа да го обнови договорот со Самир Хандановиќ и да го задржи словенечкиот репрезентативец во своите редови до крајот на кариерата.

„Нераѕурите“ објавија дека ја продолжуваат соработката со словенечкиот чувар на мрежата до 2021 година и практично го задржуваат до крајот на кариерата, гледајќи на фактот дека тој има 33 години.

Еден од најдобрите голмани во Серија А во Интер пристигна од Удинезе во 2012 година и премногу брзо стана клучен дел од тимот.

Оваа година Хандановиќ брани во врвна форма и заедно со Икарди се главните виновници зошто Интер е на врвот во калчото.

Може да ве интересира

Голден Стејт најмалку три седмици без Стеф Кари

Стеф Кари ќе паузира најмалку три седмици од кошаркарските терени по повредата што кошаркарот на …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *