ПОЧЕТНА / НАЈНОВИ ВЕСТИ / ВЕСТИ / РЕГИОН / Фестивал на италијански филмови во Битола

Фестивал на италијански филмови во Битола

Амбасадата на Р.Италија во Скопје и Јазично студио ЛИНГВА, во соработка со НУ Центар за култура Битола организираат Фестивал на италијански филмови во Битола-настан кој се случува во рамките на XVII Недела на италијански јазик во светот.Од 19 до 22 октомври секоја вечер во 20.00 часот во малата сала на Центарот за култура Битола битолчани ќе имаат можност да погледнат дел од поновите кинематографски италијански остварувања.

Фестивалот ќе го отвори г-н Карло Ромео, амбасадор на Р.Италија во Р.Македонија. Интересот на битолчани за овој фестивал е голем бидејќи италијанскиот јазик лесно се учи, вели Кулевска.

Фестивалот на италијанските филмови во Битола започнува денеска и ќе трае до недела. Сите проекции се во малата сала на центарот за култура во Битола а влезот е  бесплатен.

Може да ве интересира

На синдикалците од „Фени“ им продале лажни дрва

СВР Битола  поднесе кривична пријава против шест физички лица од Прилеп, Крушево, Скопје, Битола и …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *