ПОЧЕТНА / СПОРТ / ФА покрена дисциплинска постапка против Конте

ФА покрена дисциплинска постапка против Конте

Фудбалската асоцијација на Англија покрена дисциплинска постапка против менаџерот на Челси, Антонио Конте, поради непрофесионално однесување кон четвртиот судија на последниот натпревар од Премиер – лигата помеѓу Челси и Свонси. Инцидентот се случи во 43. минута од натпреварот, кога италијанскиот стратег „избувна“ кон четвртиот судија Ли Мејсон поради погрешно донесената одлука на неговиот колега, Нил Сворбрик.

Сворбрик им подари посед на топка на гостите од Велс, а со тоа Конте не се согласи сугерирајќи дека треба да биде корнер за неговата екипа.

По натпреварот, кој завршни со минимален триумф (1-0) за актуелниот англиски шампион, Конте им се извини на судиите, но тоа нема да го амнестира од казна.

Според соопштението на ФА на Англија, тој има право на жалба до 5. декември. Во следните денови стратегот ќе ја дознае и висината на казната.

Може да ве интересира

Голден Стејт најмалку три седмици без Стеф Кари

Стеф Кари ќе паузира најмалку три седмици од кошаркарските терени по повредата што кошаркарот на …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *