ПОЧЕТНА / СПОРТ / У21: Ќе се обидеме максимално да одговориме и на новиот предизвик

У21: Ќе се обидеме максимално да одговориме и на новиот предизвик

Благоја Милевски, селекторот на репрезентацијата на Македонијадо 21 година по објавувањето на списокот со повикани фудбалери за квалификациските натпревари против Србија (6. октомври, тренинг центар „Петар Милошевски) и Гибралтар (10. октомври, Фару) за пласман на ЕП 2019 во Италија, изјави дека не очекува дуел со еден од главните фаворити за прво место вио групата, Милевски вели дека системот на игра на Србија не е сменет од Европското првенство во Полска.

 Играме натпревар против една од најквалитетните репрезентации во групата, според мене фаворит за пласман на ЕП 2019, противник кој има интернационалци од најсилните лиги, мора да влеземе максимално подготвени и сконцентрирани на овој меч. Системот на игра на Србија во однос на Европското првенство не е сменет. Има неколку играчи од тој состав кои сеуште се дел од тимот. Тука се Јовановиќ, Грујиќ и Гајиќ, но ќе видиме со каков состав ќе настапат против нас. Македонија покажа квалитет во изминатиот период, се надевам така ќе биде и против Србија, а потоа и против Гибралтар. Ѓорѓев и Елмас ќе ни бидат на располагање на првиот дуел, а потоа, ќе ги ослободиме поради обврски во А репрезентацијатаПрвпат со нас е Душан Ѓорѓев, голман кој ни доаѓа од САД и настапува за Оклахома. Повикани се вкупно 22 фудбалери кои верувам максимално ќе одговорат на новиот предизвик кој ги очекуваизјави Милевски.

Првиот тренинг репрезентацијата ќе го има на 1. октомври во 14:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“. Официјалниот тренинг пред мечот е на 5. октомври. Влезниците за натпреварот Македонија – Србија се веќе пуштени во продажба преку мрежата на mktickets и чинат 150 денари.

Во првиот круг од новите квалификации, Македонија славеше убедлива победа против Ерменија на гостински терен со 3:0.

Може да ве интересира

Бошковски и Еурофарм Работник ја прекинаа соработката

По само пет кола изминати во ракометната Суперлига, промена на тренерската позиција во Еурофарм Работник …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *