ПОЧЕТНА / СПОРТ / У19 елитни квалификации: Македонија во група со Англија, Унгарија и Летонија

У19 елитни квалификации: Македонија во група со Англија, Унгарија и Летонија

Македонските фудбалски надежи до 19 години ќе играат против Англија, Унгарија и Летонија, во елитната група за пласман на ЕП 2019. „Црвено-жолтите“ одиграа одлично во групната фаза во Скопје, победувајќи на сите три меча и завршија како првопласирани, пред Белгија, Швајцарија и Лихтенштајн.

Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ сега ќе го имаат последниот голем предизвик, пред посакуваниот пласман на завршницата на континенталниот собир.

Квалификациите во сите групи мора да завршат до 20 мај, а само најдобрите од сите седум групи ќе бидат дел од завршницата на Европското првенство кое ќе биде во Финска, од 16 до 29 јули.

Може да ве интересира

Голден Стејт најмалку три седмици без Стеф Кари

Стеф Кари ќе паузира најмалку три седмици од кошаркарските терени по повредата што кошаркарот на …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *