ПОЧЕТНА / ЗАБАВА / УХРМ со прогназа за претстојното лето

УХРМ со прогназа за претстојното лето

Од Управа за хидрометеоролошки работи(УХРМ) информираа за временските услови за летото кое ни претстои.

Како што велат оттаму заа сезонскиот осврт користен е опсежен материјал. Како појдовна основа анализирани се основните двигатели на климатскиот систем: Сонцето и неговата активност, факторите кои го чинат климатското колебање, глобалната атмосферска циркулација, распоредот и влијанието на воздушните маси, атмосферски системи, млазни струи и фронтови како и проценките добиени од глобалните сезонски атмосферско-климатски модели од повеќе центри во светот.

Јуни постепен пораст на температурите, повремено нестабилен

На основа на развојот и манифестирањето на зимата, доцнењето на пролетната сезона, егзистирањето на влажни, променливи и нестабилни временски услови со релативно умерени температури, а сето тоа како резултат на горе опишаните климатски двигатели и излезни податоци од модели, постојат реални изгледи првата половина од јуни сѐ уште да биде умерена во однос на температурите на воздухот со благо зголемување.

Во однос на врнежите ситуацијата е поспецифична-бидејќи постои поделеност и недоволна синхронизација кај моделите-но интересен е фактот дека основните климатски двигатели од кои воглавно зависи сезонскиот развој на времето во регионот и кај нас како на пример NAO, постои слабо изразена позитивна фаза која на извесен начин дава индиции дека ќе продолжи ова Атланско влијание и осцилирање на млазните струи со продори на ладен воздух и променливи временски прилики. Но сепак месечната сума на врнежи би се задржала во рамките на просечната.

Кон ова оди во прилог и пролонгирањето на пролетната сезона, термичките контрасти во Македонија кои произлегуваат од специфичната орографска структура на поднебјето како и влажноста на почвата поради зачестените врнежи во овој период. Во втората половина на јуни можно е да се очекуваат повисоки температурите па дури и надминување на просечните, додека врнежите ќе бележат тренд на намалување. Но сепак не би требало да очекуваме период со многу голема топлина. Загревањето на атмосферата би било постепено, па дури и да има температурни осцилации со понагласена топлина, истите најверојатно би биле со пократко времетраење над Балканот и кај нас, како резултат на постојно блокирање на појасот со висок воздушен притисок над западна и северна Европа.

Јули: Потопол и релативно посув со можни топлотни бранови

Во текот на месец јули можни се две сценарија. Според првото, добиено на основа на согледувањето на основните климастки двигатели и сумираните резултати од сезонските климатски модели, постои релативно добра усогласеност за позитивно отстапување на температурите, што значи потопол јули за 1-2 степени во однос на климатскиот просек. Во текот на јули  не се исклучува веројатноста да се појави на последователни денови со егзистирање и одржување на континуирана топлина поради супропски висок воздушен притисок и транспорт на многу топол воздух кој ќе предизвика појава на “топлотни бранови”. Оваа интензивна топлина може директно да се поврзе со посувите агрометеоролошки и хидролошки услови и поизразен геопотенцијал на висина на 500 hPa во споредба со просечниот.

Според второто сценарио-како резултат на распоредот на баричките центри, влијанието на NAO и силно изразениот доминантен центар со висок притисок во западна Европа како и одделни сезонски модели, Источна Европа и Балканот да доживеат и поблагопријатни услови во текот на јули со попријатни температури во рамките на просечните.

Македонија би била некаде на границата на ваквиот сезонски развој и повеќе врнежи би се очекувале во југозападните делови од Македонија. Во такви услови не се исклучува можноста за повремено дестабилизирање на атмосферата и иницирање на облаци со вертикален развој и појава на грмежи, пороен дожд а локално и до поинтензивни влијанија.

Како и да е поверојатно е дека долго и релативно топло лето се очекува низ Европа, бидејки ќе се задржат пролонгирани периоди со топлина над просечната до екстремна топлина на Балкано ти Македонија која на некој начин ќе ги ограничи врнежите. Според оваа проекција на Балканот и Македонија ќе се соочат со највисок ризик за топлотни бранови, појава на суши и шумски пожари.

Август: Продолжување на летото. Топлотни бранови, врнежите просечни и повремено дестабилизирање на атмосферата

Август е специфичен месец, а тоа се покажа и во изминатите сезони и затоа е многу комплициран за предвидување 2-3 месеци однапред. Одовде, за месеците јули и август неопходно е да се ажирираат сезонските изгледи за времето со упдејтувани месечни информации, добиени од расположвите климатски центри-како не би се направил одреден пропуст во проценката за режимот на температири и врнежи.

Во последните сезони август тежнееше да биде попроменлив и влажен. За оваа сезона изгледите се дека во август ќе продолжи топлото лето со високи температури, слично како за Јули со повисоки од просечните и врнежи во рамките на просечните со соема неизвесен исклучок на источните области. Но во случај на интензивирањето на постојната топла фаза на Ел-Нињо во јуни и јули, нема да не изненади ако месец август биде попријатен (поумерен) во однос на температурите и релативно повлажен.

Сепак, во август ќе има доволно топли денови, во кои не се исклучува исклучува можноста за повремено дестабилизирање на атмосферата, и создавање на поволни услови за иницирање и развој на силни олујни облаци со пороен дожд, грмежи, силен ветер, град а локално да се манифестира во форма на нeвреме со уште поизразено деструктивно влијание.

Може да ве интересира

Ријана доби улица во родниот Барбадос

Познатата пејачка Ријана беше специјална гостинка на Барбадос, нејзиниот роден остров, кога минатиот четврток се …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *