ПОЧЕТНА / НАЈНОВИ ВЕСТИ / ВЕСТИ / Убиениот поранешен јеменски претседател Салех погребан без почести

Убиениот поранешен јеменски претседател Салех погребан без почести

Поранешниот претседател на Јемен Али Абдула Салех вчера беше погребан во главниот град Сана, без посебни церемонии.

Салех беше убиен во снајперски напад извршен од страна на припадници на шиитските бунтовници Хути во понеделникот.

Салех со години ги поддржуваше Хутите и Иран во нивната борба за превземање контрола над Јемен, но минатата недела соопшти дека со неговите приврзаници преоѓа на страната на сунитската Влада, која ја има поддршката на Саудиска Арабија. Набргу потоа беше застрелан.

Хутите го држеа телото на Салех, но постигнале договор со приврзаниците на убиениот поранешен претседател да им го предадат, доколку тие се согласат да го погребаат без церемонии и масовни собири.

Може да ве интересира

ЕУ не ја одобрува одлуката на САД за Ерусалим

Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини ја поздрави историската посета на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *