ПОЧЕТНА / НАЈНОВИ ВЕСТИ / ВЕСТИ / МАКЕДОНИЈА / Тутунарите очекуваат 220 денари за килограм тутун

Тутунарите очекуваат 220 денари за килограм тутун

Повисоки цени , поквалитетен тутун, но  намален род, ова е прогнозата на тутунарите пред стартот на откупот кој треба да почне  од 15 ноември или најдоцна  до 15 декември.  Според пријавените договори од деветте монополи од реколта 2017-та година, се очекува да се откупат од 24.000 до 25.000 тони суров тутун.Тутунарите пак проценуваат дека ќе има помал род и се надеваат дека поголемата побарувачка ќе им донесе и поголема откупна цена и пореална проценка на класите.

Неделковски вели дека временските услови  придонесоа за помал род годинава но просечната цена за килограм која годинава ќе достигне и до 220 денари за измерен килограм  ќе го намали незадовоството на тутунарите.

Минатата година цената  на тутунот беше за 14 денари повисока од претходната односно 196 денари за измерен килограм. Од откупните претпријатија веќе има најава дека за претстојниот откуп парите се обезбедени и дека најверојатно откупот ќе започне на 15 ноември.

Може да ве интересира

Вељаноски: Не се почитуваат Уставот и Деловникот

Актуелниот пратеник и поранешен претседател на Собранието, Трајко Вељаноски со отворено писмо до народните избраници, …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *