ПОЧЕТНА / НАЈНОВИ ВЕСТИ / ВЕСТИ / Турски државјанин пуштил фалсификувани пари во оптек во Битола

Турски државјанин пуштил фалсификувани пари во оптек во Битола

На 07.11.2017 година од страна на полициски службеници од СВР-Битола бил лишен од слобода А.А.(25) од Р.Турција, а со престој во Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело„фалсификување пари“ по чл.268 од КЗ на Р.Македонија, информира Министерството за внатрешни работи. Имено, истиот заедно со уште едно засега непознато лице во Гостивар заради купување на мобилен телефон, пуштиле во оптек три фалсификувани банкноти од по 100 евра, по што го напуштиле местото на настанот.

Може да ве интересира

Одложена амандманската расправа за законот за јазиците

Комисијата за европски прашања на која требаше да почне амандманската расправа за Предлог законот за …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *