ПОЧЕТНА / ХРОНИКА / Триесетина ученици повредени во сообраќајка на патот Демир Хисар – Кичево

Триесетина ученици повредени во сообраќајка на патот Демир Хисар – Кичево

Триесетина ученици од основното училиште „Гоце Делчев“ од Демир Хисар се повредени во сообраќајна несреќа што се случи изутрината околу 07:30 часот на патот Демир Хисар – Кичево.

Покрај учениците кои се здобиле со телесни повреди, како што информираа од МВР, тешко е повреден и возачот на автобусот З.С. (49) од селото Единаковци, Демир Хисар.

Повредените се пренесени во Клиничкиот центар во Битола каде им е укажана лекарска помош.

Според полицијата, до несреќата дошло при судир на автобусот и комбе со битолски таблички, управувано од С.С. (56) од Крушево.

Сообраќајот не бил во прекин и извршен е увид на местото на настанот.

Може да ве интересира

Турски државјанин пуштил фалсификувани пари во оптек во Битола

На 07.11.2017 година од страна на полициски службеници од СВР-Битола бил лишен од слобода А.А.(25) …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *