ПОЧЕТНА / ЗАБАВА / Тејлор Свифт со најмногу номинации за MTV европските музички награди
LAS VEGAS, NV - APRIL 06: Singer/songwriter Taylor Swift attends the 49th Annual Academy Of Country Music Awards at the MGM Grand Garden Arena on April 6, 2014 in Las Vegas, Nevada. (Photo by Jason Merritt/Getty Images)

Тејлор Свифт со најмногу номинации за MTV европските музички награди

MTV вчера ги објави номинациите за европските музички награди 2017 MTV EMA, а Тејлор Свифт е номинирана за дури шест награди, вклучувајќи ја категоријата Најдобар видеоспот за песната „Look What You Made Me Do“, како и за Најдобар изведувач.

По неа следат канадската ѕвезда Шон Мендес кој ќе се натпреварува во пет категории, додека Кендрик Ламар и Ед Ширан имаат по четири номинации.

Мегахитот на Ширан „Shape of You“ е номиниран во категоријата Најдобра песна, во конкуренција со „Whild Thoughts“ на Диџеј Калид и Ријана, „There’s Nothing Holdin Me Back“ на Шон Мендес, летниот хит „Despacito“ на Луис Фонси и Деди Јенки, како и „Rockabye“ на „Клин бендит“.

За наградата MTV Best Adria Act се номинирани Сара Јо, „Ничим изазван“, Нина Краљиќ, Марин Јуриќ-Чивро и „Коала војс“.

Гласањето за категоријата MTV Best Adria Act почна вчера и ќе трае до 11 ноември кога ќе биде познат победникот во категоријата.

Свеченото доделување на наградите ќе се одржи на 12 ноември во арената „The SEE“ во Лондон, а водителка ќе биде Рита Ора.

Може да ве интересира

Нов трејлер за „Војна на ѕвездите: Последниот џедај“

„Лукасфилм“ и „Дизни“ ги израдуваа обожавателите на „Војна на ѕвездите“ со нов трејлер за осмата …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *