ПОЧЕТНА / ХРОНИКА / Тешка кражба во куќа во Битола

Тешка кражба во куќа во Битола

Непознат сторител синоќа од куќа во Битола украл разновиден накит и пари, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 500.000 денари.

Како што соопшти МВР, синоќа во периодот од 11.30 до 00.15 часот во Битола на улица „Питу Гули“  во станот на В.Ј. (1960),  непознат сторител извршил кражба, при што одзел  225.000 денари, 1,300 евра, 800 американски долари, 450 швајцарски франци и разновиден златен и сребрен накит.

Сторителот ја отклучил влезната врата, влегол во станот, извршил пребарување во спалната соба и одзел метален сеф, во кој биле парите и накитот, по што го напуштил местото.

Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи -Битола и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Може да ве интересира

Тешка сообраќајка на патот Ресен-Стење, возачот во кома

Дваесет и осум годишниот В.К. од селото Царев Двор е тешко повреден и во коматозна …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *