ПОЧЕТНА / ЗАБАВА / Тарантино би можел да режира филм од „Star Trek“ франшизата

Тарантино би можел да режира филм од „Star Trek“ франшизата

Квентин Тарантино изрази желба да режира еден од филмовите од популарната филмска франшиза „Star Trek“. Американскиот режисер веќе контактирал неколку луѓе со цел да се вклучи во проектот.

Тој веќе го контактирал Џеј Џеј Абрамс, кој е продуцент на франшизата, и му предложил идеја за филм.

Квентин Тарантино има конкретна идеја за нов филм кој би се одвивал во склоп на популарната филмска франшиза „Star Trek“, и веќе ја споделил идејата со Џ.Џ. Абрамс, кој е одговорен продуцент за целата франшиза.

Сепак, според Deadline, сѐ уште не постои сценарио за филмот, иако Тарантино размислувал на оваа идеја веќе неколку години.

Режисерот во моментов е зафатен со неговиот нов филм, кој би требало да биде сместен во 1969 година, во Лос Анџелес. Тој филм е закажан за премиера на 9 август 2019, што значи дека доколку се случи „Star Trek“ филмот кој Тарантино го има на ум, тоа ќе биде дури за неколку години.

Тарантино досега нема режирано филм кој го нема напишано, ниту пак има режирано научно-фантастичен филм, што значи дека еден ваков проект ќе донесе многу новини во неговата кариера.

Може да ве интересира

Робин Рајт ја презема главната улога во „Куќа од карти“

Ликот на Робин Рајт, Клер Андервуд, ќе биде во фокусот на последната, шеста сезона од …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *