ПОЧЕТНА / НАЈНОВИ ВЕСТИ / ВЕСТИ / Спортуваме и компјутерски се надоградуваме

Спортуваме и компјутерски се надоградуваме

Со цел децата да се отргнат од работата пред компијутер и постајаното седење на мобилен телефон или таблет и повеќе да спортуваат, односно да внимаваат на здравиот начин на живот, денеска во СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ – Битола се одржа едукативно предавање на тема „Спортуваме и компијутерски се надоградуваме“.

Една од темите која што беше опфатена на денешното предавање беше „Како влијае седењето врз нашиот живот“? Имајќи ги во предвид истражувањата кои покажуваат дека седењето и нездравиот начин на живот допринесуваат за зголемување на смртноста кај населението.

На предавањето учениците исто така имаа можност директно од спортисти да слушнат кој е бенефитот од спортот и дали е добро да се спортува.

Од СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ – Битола најави дека и во иднина ќе реализираат голем број активности со цел да ги поттикнат за зголемување на физичката активност

Може да ве интересира

СВР Битола го одбележа денот на превенцијата

Отсекот за превенција од СВР Битола денеска организираше прием за децата од градинките по повод …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *