ПОЧЕТНА / СПОРТ / Спировски е најдобриот фудбалер за 2017 година

Спировски е најдобриот фудбалер за 2017 година

Стефан Спировски е фудбалерот на годината во Македонија. Ова стана јасно откако УО на ФФМ ги „завери” сите носители на награди од „куќата на фудбалот”, открива „Македонски спорт“.

Сегашниот фудбалер на Ференцварош ја доби битката по успешните настапи за Вардар на домашната и меѓународната сцена.

Репрезентативниот играч за врска во август си замина од таборот на „црвено-црните” по сензацијата над Фенербахче.

Од претходно се знаеше дека Енис Барди е фудбалерот кој ќе го понесе признанието за играч на годината од фудбалерите кои настапуваат во странство.

Гоце Седлоски е тренер на годината, Илија Матеничаров од Академија Пандев е фудбалски работник за оваа 2017 година. Церемонијата на која ќе бидат наградени најдобрите е во недела на 3 декември во Скопје.

Може да ве интересира

Голден Стејт најмалку три седмици без Стеф Кари

Стеф Кари ќе паузира најмалку три седмици од кошаркарските терени по повредата што кошаркарот на …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *