ПОЧЕТНА / ЗАБАВА / „Спајс грлс“ се враќаат на сцената

„Спајс грлс“ се враќаат на сцената

Некогаш ултра-популарниот британски поп-бенд „Спајс грлс“ се враќа на сцената. Познатите жешки девојки се враќаат следната година, откако завршија тајните преговори.

Преговорите што траеја цело лето очигледно биле успешно , бидејќи своето враќање го најавија сите пет членки на групата. Иницијативата потекнала од Мелани Ц, а за до година е најавен и компилациски албум со Викторија Бекам .

Токму нејзината одлука за повторно обединување во истиот состав беше клучна  зашто токму таа се противеше на повторното враќање на сцената.

Спајс девојките повторно станале многу блиски откако ги обединила грижата за Мел Б. по нејзиниот бурен развод. Британските медиуми, повикувајќи се на анонимен извор, пишуваат дека на почетокот на годината односите меѓу петте девојки биле замрзнати, но со текот на времето разликите се изгладиле, така што со голема возбуда го очекуваат нивниот прв настап.

Може да ве интересира

Ријана доби улица во родниот Барбадос

Познатата пејачка Ријана беше специјална гостинка на Барбадос, нејзиниот роден остров, кога минатиот четврток се …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *