ПОЧЕТНА / ХРОНИКА / Со нож во рака барал седативи од аптекарот

Со нож во рака барал седативи од аптекарот

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, поднесе кривична пријава против Д.Б.(52) од с.Ново Лагово, Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “разбојништво“ и “напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

Пријавениот на 18. овој месец во Прилеп во аптека со закана со нож, побарал од вработениот да му даде седативи, но вработениот повикал полиција.

После пристигнувањето на полициските службеници, пријавениот им упатил закани и давал отпор, замавнувајќи со нож кон полициските службеници.

Може да ве интересира

Триесетина ученици повредени во сообраќајка на патот Демир Хисар – Кичево

Триесетина ученици од основното училиште „Гоце Делчев“ од Демир Хисар се повредени во сообраќајна несреќа …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *