ПОЧЕТНА / ХРОНИКА / Сообраќајка во Битола на улицата “Македонска Фаланга”

Сообраќајка во Битола на улицата “Македонска Фаланга”

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа која на 6-ти овој месец се случила во Битола на улицата „Македонска Фаланга“.

Како што информираат од полицијата, сообраќајна незгода се случила помеѓу патничко возило „Цитроен Берлинго“ со битолски регистарски ознаки, управувано  од О. С. (42) и  моторцикл „Јамаха МТ 01“ со битолски регистарски ознаки,  управуван од Ѓ. С. (28), двајцата од Битола.

-Во незгодата со телесни повреди се здобил Ѓ.С., кој се наоѓа во Скопје во добра здравствена состојба и е надвор од животна опасност. Задржан е на понатамошно лекување како резултат на телесните повреди со кои се здобил, информираше правниот застапник на повредениот.

О.С. пак се здобил со  телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување во Клиничката болница во Битола, информираат од МВР.

Полициски екипи во присуство на Јавен обвинител извршиле увид на местото на несреќата.

Може да ве интересира

Тешка сообраќајка на патот Ресен-Стење, возачот во кома

Дваесет и осум годишниот В.К. од селото Царев Двор е тешко повреден и во коматозна …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *