ПОЧЕТНА / НАЈНОВИ ВЕСТИ / ВЕСТИ / РЕГИОН / „Собираме и ре-креираме со Би-Милк“

„Собираме и ре-креираме со Би-Милк“

Дечињата од градинките „Мајски Цвет“ и „Естреја Овадија Мара“ од Битола се дел од  хуманитарната работилница на Би Милк која е со цел поттикнување на навиките за зачувување на животната средина уште од најрана возраст, а главен аниматор за децата беше  препознатливиот лик на Битолското Чупе. Се работи за иницијатива во која Бимилк ги поттикнува децата да собираат празни амбалажи од Битолско млеко и од нив понатаму да изработуваат разни корисни предмети што може да имаат секојдневна употреба, со цел уште од најрана возраст да ја научат важноста за рециклирање и зачувување на животната средина.

По завршувањето на сите работилници, изработените предмети од децата ќе бидат изложени на голем предновогодишен хуманитарен базар во Веро Центарот во Скопје, а собраните средства ќе бидат донирани за СОС Детско село Македонија.

Во проектот се вклучени близу 2.000 деца од 8 градови ширум државата, а истиот е најавен како пилот проект, со заложба да продолжи да живее и во наредните години.

Може да ве интересира

Се бара решение за долговите за струја на битолските училишта

Училиштата во општина Битола и студентските домови „Томе Стефановски-Сениќ“ и „Пелагонија“ денеска добија предупредување за …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *