ПОЧЕТНА / СПОРТ / Се е подготвено за ждрепката за СП во Русија

Се е подготвено за ждрепката за СП во Русија

Главниот град на Русија Москва е подготвена за ждрепката за групите на Светското првенство 2018 година што ќе се одржи на 1 декември во московската палата Кремљ.

На ждребот ќе присуствуваат над 1.400 гости, меѓу кои и 20 од 32 селектора на репрезентациите учеснички на Светскиот куп.

Акредитирани се околу 1.500 новинари од целиот свет, а во самата организација ќе помогнат околу 450 волонтери.
Ангажирани се и 18 преведувачи, кои ќе ја преведуваат програмата на пет јазици – англиски, германски, шпански, француски и руски.

Победничкиот пехар на сцената ќе го донесе германскиот фудбалер и најдобар стрелец во историјата на светските првенства Мирослав Клосе, а програмата ќе ја води англиската фудбалска легенда Гери Линекер и руската новинарка Марија Команднаја. Во програмата и извлекувањето ќе учествуваат Диего Марадона, Лорен Блан, Гордон Бенкс, Кафу, Фабио Канаваро, Диег Форлан, Карлес Пујол и Никита Симоњан.

Репрезентациите се поделени во четири групи врз основа на рангирањето на ФИФА, а ждребот ќе биде полудиригиран, па така во иста група нема да се најдат две репрезентации од ист континент освен од Европа. Репрезентациите ќе бидат поделени во осум групи по четири селекции.

СП ќе трае од 14 јуни до 15 јули следната година, а ќе се игра во 11 градови и на 12 стадиони во Русија. Градови домаќини се Москва со два стадиона, Санкт Петербург, Калининград, Казан, Нижњи Новгород, Ростов, Сочи, Екатеринбург, Самара, Саранск и Волгоград.

Почетокот на церемонијата ќе стартува во 16 часот

Може да ве интересира

Голден Стејт најмалку три седмици без Стеф Кари

Стеф Кари ќе паузира најмалку три седмици од кошаркарските терени по повредата што кошаркарот на …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *