ПОЧЕТНА / НАЈНОВИ ВЕСТИ / ВЕСТИ / РЕГИОН / Се бара решение за долговите за струја на битолските училишта

Се бара решение за долговите за струја на битолските училишта

Училиштата во општина Битола и студентските домови „Томе Стефановски-Сениќ“ и „Пелагонија“ денеска добија предупредување за исклучување на електричната енергија и екипи беа излезени на терен. Баравме да се повлечат со цел да се овозможи нормално обезбедување на образовниот процес и престој на студентите.

Ова денеска го изјави за МИА министерката за образование и наука Рената Дескоска по завршувањето на дебатата за унапредување на остварувањето на правата на припадниците на заедниците кои се помалку од 20 отсто од населението.

– Дадени се предупредувања дека имаат големи долгови и доколку не се подмират веднаш ќе биде исклучена струјата. Во меѓувреме разговаравме со надлежните од ЕВН да им се даде рок и да дадеме можност за план за подмирување на долговите, со оглед на тоа што долговите се големо наследство од минатата власт, а во Буџетот во моментов нема толку средства за подмирување на тие долгови, нагласи Дескоска.

Таа најави дека ќе направат план за плаќање на рати. – Сега засега ги запреа активностите за исклучувањето на струјата, но планот треба во согласност со Министерството за финансии да го направиме, рече Дескоска.

Може да ве интересира

Привремено прифатилиште за бездомници и во Битола

Се отвораат уште три регионални пунктови во Струмица, Струга и Битола, кои ќе ќе даваат …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *