ПОЧЕТНА / НАЈНОВИ ВЕСТИ / ВЕСТИ / РЕГИОН / Семафори на обиколницата кај Битола

Семафори на обиколницата кај Битола

Со семафори кои наизменично ќе ги пропуштаат возилата по една коловозна лента  ќе се регулира сообраќајот на обиколницата над Битола која поради свлечиште е затворена веќе подолго време. Станува збор за времено решение додека се работи на санација на одронот  на овој дел од магистралниот пат Охрид-Битола-Прилеп,информираше денеска градоначалникот на Битола, Наташа Петровска.

-Од првиот ден кога дојдов како градоначалник имајќи во предвид дека Битола го има  најгорливиот  проблем а тоа е загадувањето, мојата концентрација беше насочена кон обиколницата затоа што  знаеме дека со нејзиното нефункционирање многу возила влегуваат во градот и го загадуваат. Токму затоа кажав дека придонесов да се забрзаат активностите околу обиколницата, меѓутоа регулирањето кое е кажано е и најавено во таа насока, да максимално бројот на возила кои можат да бидат пренасочени и во овој период кога се врши санирање на свлечиштето да го избегнеме влезот на возила во нашиот град и на тој начин да допринесеме за помало загадување на нашата средина и околина ,објасни денеска Петровска.

 

Може да ве интересира

Се бара решение за долговите за струја на битолските училишта

Училиштата во општина Битола и студентските домови „Томе Стефановски-Сениќ“ и „Пелагонија“ денеска добија предупредување за …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *