ПОЧЕТНА / СПОРТ / Селекторот Игор Ангеловски ги одреди фудбалерите за натпреварите против Италија и Лихтенштајн

Селекторот Игор Ангеловски ги одреди фудбалерите за натпреварите против Италија и Лихтенштајн

Селекторот на најдобрата репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски одбра 23 фудбалери за двата последни натпревари против Италија (6. октомври во Торино) и Лихтенштајн (9. октомври во Струмица) од квалификациите за СП 2018 година во Русија.

Повратник во националниот тим е Аријан Адеми, а исто така, тука е и Ферхан Хасани кој не настапи со Израел и Албанија поради повреда. Промена има и на голманската позиција, па наместо Дени Илиев, повикан е Дамјан Шишковски.

Во однос на претходниот репрезентативен собир, и дуелите со Израел и со Албанија, на списокот на Ангеловски ги нема фудбалерот од средниот ред Давид Бабунски, кој не добива минутажа изминатиов период во јапонската Јокохама, како и младиот голман на Арсенал, Дени Илиев. Ќе го нема и Мите Цикарски, кој во септември доби дополнителен повик.

Собирот на А репрезентацијата на Македонија е закажан на 2. октомври во 12:00 часот во хотел „Гранд Плаза“ во Скопје.

Може да ве интересира

Голден Стејт најмалку три седмици без Стеф Кари

Стеф Кари ќе паузира најмалку три седмици од кошаркарските терени по повредата што кошаркарот на …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *