ПОЧЕТНА / НАЈНОВИ ВЕСТИ / ВЕСТИ / СДСМ: Ќе се соочиме со потребите и проблемите на лицата со категоризација

СДСМ: Ќе се соочиме со потребите и проблемите на лицата со категоризација

Прес конференција денеска и на кандидатот за советник во Општина Битола од СДСМ и коалицијата, Емилија Костурски, посветена на проблемите со кои се соочуваат лицата со категоризација. Според Костурски, недозволиво е во 21 век овие граѓани да се соочуваат со проблеми да ги задоволат своите основни потреби. Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

„Во денешното општество, сите граѓани имаат право да живеат со своите семејства, да посетуваат редовно училиште, да се вработат и да имаат шанса за исполнет и самостоен живот. Меѓу нив спаѓаат и лицата со телесна инвалидност, слепите лица, глувите лица, лицата со ПП.

Жално е што вие од ДПМНЕ во цели 12г. владеење не бевте доблесни да ги решите основните потреби и проблеми со кои овие граѓани секојдневно се соочуваат.

КАКО вие од ДПМНЕ по цели 12г. владеење со огромен општински буџет ДОЗВОЛИВТЕ конзулска Битола да заостанува зад други, многу помали општини?!

НЕДОЗВОЛИВО Е во 21 век во нашата општина:

  • глувите лица да немаат на располагање толкувач за нивниот гестовен јазик за помош при комуникација во институциите;
  • лицата со телесен инвалидитет да немаат соодветен пристап до сите институции;
  • слепите лица да немаат соодветни помагала, прилагодена инфраструктура, звучна сигнализација која би го олеснала нивното секојдневие!

НЕДОЗВОЛИВО во 21 век нашите деца со ПП да учат во визбите на ОУ „Ѓ.Сугарев“. А, во ЕРАТА НА ВАШЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ, да се школуваат во ДИСПЕРЗИРАНИ средношколски паралелки, кои попатно речено се отворени благодарение на иницијативата на НАС, родителите на овие деца со ПП уште во 2007 година. ПРЕД ЦЕЛИ ДЕСЕТ ГОДИНИ!

Во своето 12 год.владеење со општината ВИЕ ОД ДПМНЕ воопшто не ни помисливте на проблемот за вработување на овие граѓани!

ЗАТОА, точно од ова место, под Саат Кулата во Конзулска Битола ја праќаме пораката:

Идната локална власт на СДСМ и колалицијата, сериозно и одговорно ќе се соочи со сите проблеми и потреби на овие граѓани. Тука, во НАШАТА БИТОЛА, ќе изградиме живот за секого и ќе се избориме сите наши граѓани да имаат достоинствен живот.

ПРОМЕНАТА НА ОВАА ГРДА СЛИКА СЕ ВИКА „ЖИВОТ ВО БИТОЛА ЗА СИТЕ“! – заклучи Костурски.

Може да ве интересира

СВР Битола го одбележа денот на превенцијата

Отсекот за превенција од СВР Битола денеска организираше прием за децата од градинките по повод …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *