ПОЧЕТНА / ЗАБАВА / Светот се збогува со Том Пети

Светот се збогува со Том Пети

Том Пети (66), чија кариера траеше подолго од четири децении, вчера почина во болница по тежок срцев удар.

Сопругата на Пети го нашла онесвестен во нивниот дом и веднаш повикала Итна помош, а потоа рокерот бил префрлен во болница.

Лекарите утврдиле дека нема мозочна функција поради недостиг на кислород и бидејќи во здравствениот картон Пети имал наведено дека не сака да го реанимираат, бил исклучен од апаратите што го одржувале во живот.

Пети се прослави во 70-тите со бендот „Хартбрејкерс“ и нивните хитови „Breakdown“, „American girl“, „Free fallin“, „Listen to her heart“ и други.

Покрај бендот, имаше и успешна соло кариера, а во 80-тите беше дел од супербендот „Травелинг Вилбурис“ со Боб Дилан, Џорџ Харисон, Џеф Лин и Рој Орбисон.

Може да ве интересира

Нов трејлер за „Војна на ѕвездите: Последниот џедај“

„Лукасфилм“ и „Дизни“ ги израдуваа обожавателите на „Војна на ѕвездите“ со нов трејлер за осмата …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *