ПОЧЕТНА / НАЈНОВИ ВЕСТИ / ВЕСТИ / Раст на прометот во индустријата

Раст на прометот во индустријата

Прометот во индустријата во август годинава во однос на истиот период лани е поголем за 4,6 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. Според податоците, прометот во индустријата остварен на домашниот пазар бележи пад од од 5,2 проценти, а на странски пазари пораст од 7,5 отсто.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење камен во август 2017 година, во однос на август 2016 година, бележи пораст од 15,3%, а во секторот Преработувачка индустрија од 4,2%.

Според главните индустриски групи, прометот во август 2017 година, во однос на август 2016 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3,1%, Капитални производи за 10,9% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 0,4%, додека опаѓање има кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,2%.

Прометот во индустријата во август 2017 во однос на претходниот месец е поголем за за 2,4 отсто, додека во периодот јануари-август годинава во споредба со првите осум месеци од минатат година за седум проценти.

Може да ве интересира

По притисоците, паднаа првите оставки во ДИК

По многубројните реакции и извршениот притисок, паднаа првите оставки во Државната изборна комисија. Претседателот комисијата …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *