ПОЧЕТНА / НАЈНОВИ ВЕСТИ / ВЕСТИ / РЕГИОН / Прифатено барањето за снимање на седниците на Советот на Општина Могила

Прифатено барањето за снимање на седниците на Советот на Општина Могила

Прифатена е иницијативата на независниот советник во советот на Општина Могила Борче Бучински  седниците на Советот да се снимаат и истите да бидат објавени на некоја од локалните или регионалните телевизии. Ова беше решено денеска на 4 тата седница на Советот на Општина Могила со цел граѓаните транспарентно  да бидта запознаени со работата на советниците.

Барање до советнициоте и претседателот на Советот, Бучински поднесе на претходната седница.

Иницијативата на советникот ја профатија останатите советници и градоначалникот на Општина Могила , Јасмина Гулевска. Гулевска денеска појасни дека од  ноември навака сите одлуки на Советот и Општината се објавуваат на веб страната на Општина Могила, аудио снимки од  седниците има а медиумите се добредојдени да ги проследат истите.

Советот на Општина Могила на денешната 4 та седница дебатираше и за кварталниот  извештај на Буџетот на Општина Могила како и за предлог развојни програми за општина Могила. На денешната седница на Советот исто така се именуваа и разрешуваа членови на училишни управни одбори.

Може да ве интересира

Се бара решение за долговите за струја на битолските училишта

Училиштата во општина Битола и студентските домови „Томе Стефановски-Сениќ“ и „Пелагонија“ денеска добија предупредување за …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *