ПОЧЕТНА / ЗАБАВА / Пристигна нов албум на Деми Ловато, „Tell me you love me“

Пристигна нов албум на Деми Ловато, „Tell me you love me“

Американската пејачка и актерка Деми Ловато претстави ново, шесто студиско издание под назив „Tell me you love me“, претходно најавено со сингловите Sorry Not Sorry, Tell Me You Love Me, You Don’t Do It For Me Anymore и Sexy Dirty Love.

Новото издание на светската ѕвезда исполнето е со емотивни текстови, како и ефектна продукција која дополнително го нагласува прекрасниот вокал на 25-годишната Деми.

На новиот албум, Деми соработуваше со многу имиња од светската музичка сцена како што се Јонас Јеберг, Ворен Оук Фелдер, Раш ХР., ди-џеј Мастард, Џон Хил и други.

Во стандардната верзија албумот носи 12 нумери, додека во делукс изданието можат да се слушнат  уште три дополнителни.

Песната кое може посебно да се издвои е  нумерата „Lonely“ на која гостува Лил Вејн, а како што откри самата Деми, соработката со него е „остварување на соништата“.

Новиот албум пристигнува после албумот Confident од 2015 година.

Може да ве интересира

Нов трејлер за „Војна на ѕвездите: Последниот џедај“

„Лукасфилм“ и „Дизни“ ги израдуваа обожавателите на „Војна на ѕвездите“ со нов трејлер за осмата …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *