ПОЧЕТНА / ХРОНИКА / Прилепчанка повредена од заскитани куршуми на ловџии од Франција

Прилепчанка повредена од заскитани куршуми на ловџии од Франција

Дваесет и осумгодишната В.П. од Прилеп во текот на вчерашниот ден се здобила со повреда во вратот нанесена од огнено ловечко оружје, додека извршувала земјоделски работи во нива на излезот од селото Кривогаштани.

Како што информираат од МВР, таа во контактибилна состојба, со возило на Итна медицинска помош, била пренесена во Медицински центар Прилеп.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на полициската станица во Прилеп.

Подоцна, во попладневните часови, во Полициската станица, во врска со овој случај, под сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, биле приведени Х.М. (52) и Г.П. (64) од Република Франција.

Од полицијата информираат дека преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Може да ве интересира

Триесетина ученици повредени во сообраќајка на патот Демир Хисар – Кичево

Триесетина ученици од основното училиште „Гоце Делчев“ од Демир Хисар се повредени во сообраќајна несреќа …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *