ПОЧЕТНА / ХРОНИКА / Прилепско: Маж загина, брат му тешко повреден

Прилепско: Маж загина, брат му тешко повреден

Маж загина, а неговиот брат е тешко повреден во несреќен случај регистриран од полицијата вчера околу 7:30 часот.

Како што информираат од полицијата несреќата се случила во атар на прилепското село Дреновци кога Р.Б. (35) со трактор се превртел на планински терен. Тој починал на лице место, додека неговиот брат П.Б. (27) се здобил со тешка повреда, фрактура на десната потколеница.

Повредениот брат ги повикал соселаните на помош, кои го извадиле телото на починатиот од под тракторот.

Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата.

Може да ве интересира

Триесетина ученици повредени во сообраќајка на патот Демир Хисар – Кичево

Триесетина ученици од основното училиште „Гоце Делчев“ од Демир Хисар се повредени во сообраќајна несреќа …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *