ПОЧЕТНА / НАЈНОВИ ВЕСТИ / ВЕСТИ / РЕГИОН / Привремено прифатилиште за бездомници и во Битола

Привремено прифатилиште за бездомници и во Битола

Се отвораат уште три регионални пунктови во Струмица, Струга и Битола, кои ќе ќе даваат поддршка на бездомните лица од другите делови од Македонија.

– Согласно најавите на УХМР за пониски температури се реорганизираме со цел бездомните лица кои се на територија на Градот Скопје комплетно да бидат згрижени и да ги добијат сите услуги. Пунктот ќе работи деноноќно во наредните три месеци – рече Сузана Тунева Пауновска, секретар на Црвениот крст на Град Скопје.

Таа информира дека за овој период ќе бидат ангажирани 40 волонтери, дополнителни патролни социјални служби кои ќе патролираат во ноќните часови, а ќе има и медицински персонал за лицата кои имаат потреба од здравствена заштита.

Во текот на престојот во пунктот бездомните лица добиваат чиста облека, топли оброци, ја одржуваат својата хигиена, а добиваат и комплетна медицинска заштита. Црвениот крст, вели Тунева Пауновска, има соработка и со Клиничкиот центар и приватните болници за лицата на кои им треба секундарна здравствена заштита заради тоа што поголемиот дел од бездомниците се без здравствено осигурување.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска при посетата на пунктот истакна дека годинава Македонија подготвено ја пречекува зимата со отворање и на три дополнителни пунктови кои ќе работат како регионални центри, а се наоѓаат во Струмица, Струга и Битола.

– Подготвени се и центрите за социјална работа за во соработка со Црвениот крст да може да се превенира смрзнување на лица на улица и државата да си ја преземе одговорноста, односно работата во свои раце – рече министерката.

Може да ве интересира

Се бара решение за долговите за струја на битолските училишта

Училиштата во општина Битола и студентските домови „Томе Стефановски-Сениќ“ и „Пелагонија“ денеска добија предупредување за …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *