ПОЧЕТНА / НАЈНОВИ ВЕСТИ / ВЕСТИ / РЕГИОН / Преку едукација до намалена дискриминација

Преку едукација до намалена дискриминација

Преку едукација до намалена дикриминација е темата на работилницата која денеска се одржа во Битола во организација на македонското здружение на млади правници и невладината организација „Баирска светлина“. Оваа  е 16-та работилница кое  здружението на млади правници ја организаира во земјава се со цел младите луѓе да научат што е  дискриминација, кои се механизмите за заштита и што можат да превземат кога ќе бидат дискриминирани.

-Ова ни е 16-та работилница на тема дискриминација, и целта ни е заедно со „Баирска светлина“ да им го доловиме феноменот на дискриминација на граѓаните, да им ги кажеме расположливите механизми за заштита од дискриминација и што тие можат да преземат во ситуација кога ќе се соочат со дискриминаторско соочување – вели Бојан Трпковски од Македонско здружение на млади правници.

-Генерално луѓето се соочуваат со многу дискриминација а најмногу ромите. Се соочуват со дискриминација во секоја област  во секојдневниот  живот, во образование, заштита при вработување,здравство,додава Трпковски.

Невработеноста, дискриминацијата и непристапноста до здравствените услуги се дел од проблемите со кои се соочуваат денес Ромите во Битола, вели Узурџан Медик – активист во невладината организација „Баирска светлина“.

-Денешната работилница е од големо значење за нас  ромите затоа што секојдневно се соочуваме со прекршување на правата на ромите. Најголем проблем е тоа што има голема сегрегација во ОУ„Ѓорѓи Сугарев“, а исто така имаме проблем и со прекршување на правата при избор на матичен гинеколог, затоа што жените ромки не можат да регистрираат  матичен гинеколог и доколку имаат регистрирано нивните проблеми се наплатени-објаснува Узурџук Медик.

Ваквите работилници се организираат со цел да се поттикне свеста кај ромското население но и  институциите да станат свесни дека има некој што ќе ги заштитува правата на ромите, велат организаторите на настанот.

Може да ве интересира

Се бара решение за долговите за струја на битолските училишта

Училиштата во општина Битола и студентските домови „Томе Стефановски-Сениќ“ и „Пелагонија“ денеска добија предупредување за …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *