ПОЧЕТНА / НАЈНОВИ ВЕСТИ / ВЕСТИ / Првичен извештај на ДИК: 41 општина доби нов градоначалник

Првичен извештај на ДИК: 41 општина доби нов градоначалник

41 општина и официјално доби нови градоначалници, Државната изборна комисија денеска на својата веб страна го објави Заклучок за известување за конечност на резултати од гласањето на 15 октомври 2017 година. Според заклучокот 41 општина доби нов градоначалник, во 33 ќе има втор круг на гласање, додека пак според првичниот извештај на ДИК за останатите 7 се поднесени приговори.

Во името на Наташа Петровска од СДСМ и коалицијата, Битола доби нова градоначалничка, па според неофицијални информации се очекува примопредавањето на функцијата да биде завршено веќе утре. Во регионот нови градоначалници добија и Демир Хисар – Марјанче Стојановски кој доаѓа од редовите на СДСМ, како и Томе Христоски во Крушево и Живко Гошаревски во Ресен. Кандидатите на ДУИ Фатмир Дехари во Кичево, Исмаил Јахоски во Пласница исто така добија официјална потврда на резултатите за нивната победа.

Втор круг на гласање ќе има во 33 општини, меѓу кои и во Новаци, Могила, Долнени и Македонски Брод.

Поднесените приговори пак за гласањето по листи за кандидат за градоначалник се однесуваат на град Скопје, Центар, Сарај, Струга, Кривогаштани и Радовиш. Кога станува збор пак за приговорите кои се однесуваат на гласањето по листи за кандидати за членови на советите, поднесени се приговори за 9 општини.

До Државната изборна комисија првично беа поднесени 46 приговори, но пред почетокот на седницата ВМРО ДПМНЕ повлече три од 43-те приговори кои ги имаше поднесено. По еден приговор поднесоа и ТМРО, Алијансата на Албанците и Левица.

ДИК е должна да одлучи по приговорите на кандидатите во постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултати од гласањето, во рок од 48 часа по приемот. Против одлуката на ДИК може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението, додека пак Управиот суд одлука треба да донесе во рок од 48 часа.

Може да ве интересира

Заев: Градиме општество за целосна социјална инклузија на Ромите

Владата на Република Македонија е определена да гради инклузивно општество и ќе овозможи целосна социјална …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *