ПОЧЕТНА / ЗАБАВА / Почина славниот руски баритон Дмитриј Хворостовски

Почина славниот руски баритон Дмитриј Хворостовски

Познатиот руски оперски пејач Дмитри Хворостовски почина на 56 години по долга битка со тумор на мозокот.

Славниот баритон починал „спокојно и опкружен со семејството“ во Лондон.

„Топлината на неговиот глас секогаш нека биде со нас“, стои во сооштението за неговата смрт.

Хворостовски во 2015 година соопшти дека му е дијагностициран рак поради што престана да настапува.

Виенската опера во јуни објави дека баритонот ги откажува сите закажани претстави.

Непланирано се појави во операта Метрополитен во Њујорк и ја отпеа аријата од „Риголето“ што му беше еден од заштитните знаци.

Во 2013 година Хворостовски одржа незаборавен концерт на отворањето на „Охридско лето“ во Античкиот театар.

Од дирекцијата на фестивалот велат дека жалаат „за големата загуба, смртта на светската оперска легенда Дмитри Хворостовски. Вечно ќе му бидеме благодарни на овој музички гениј, кој на отворањето на ‘Охридското лето’ во 2013 година одржа спектакуларен концерт“.

Од Дирекцијата наведуваат дека Хворостовски одушевил со неговата скромност и харизма и дека ќе остане запишан во фестивалската историја како еден од најголемите ѕвезди кои настапиле на „Охридско лето“.

„Македонската публика е многу топла и пријателска. Бев многу среќен што пеев на оваа сцена, возбуден од целата убавина што ме опкружува. Сигурно пак ќе дојдам со моето семејство“, рече тој по концертот во Охрид.

Годинава баритонот го доби рускиот орден за заслуги, а во 2015 година беше одликуван  орденот Александар Невски.

Може да ве интересира

Ријана доби улица во родниот Барбадос

Познатата пејачка Ријана беше специјална гостинка на Барбадос, нејзиниот роден остров, кога минатиот четврток се …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *