ПОЧЕТНА / НАЈНОВИ ВЕСТИ / ВЕСТИ / РЕГИОН / Потпишaн меморандум за соработка меѓу УКЛО и Општина Битола

Потпишaн меморандум за соработка меѓу УКЛО и Општина Битола

Универзитетот „св.Климент Охридски“ од Битола денеска потпиша меморандум за соработка со Општина Битола со цел продлабочување на досегашната соработка. Имаме  една визија за понатамошно интензивирање на нашата сортаботка како две институции релевантни за општината и регионот каде што делуваат, рече денска ректорот  на УКЛО, Сашо Коруновски.

-Во самиот меморандум ќе има повеќе области на соработка конкретно дефинирани, и се надеваме дека тоа ќе биде општата рамка во која ќе ставаме содржини од заеднички интерес на крајот за благодет на граѓаните на Битола и поширокиот регион. Ние како институција високообразовна која веќе 4 денцении работи било преку одделните факултети или како ректорат се трудиме да бидеме во служба на пошироката заедница и на регионот на универзитетот, рече денска ректорот проф. д-р Сашо Коруновски.

Ова е меморандум со кој се отвораат перспективите и за општината и за сите нејзини граѓани, особено младата поплуација  и студентите не само од Битола туку од целата земја,изјави  градоначалникот на Битола, Наташа Петровска.

-Овој меморандум треба да ни овозможи да во иднина младите луѓе  добијат реални можности да се внесат во општеството уште во рамките на своето студирање и да согледаат како тие фунфционираат, објасни градоначалникот на Битола, Наташа Петровска, честитајќи му го на Универзитетот патрониот празник.

Потпишувањето на меморандумот за  соработка меѓу двете институции е по повод патрониот празник на Универзитетот св. Климент Охридски, кој веќе неколку дена со различни манифестации се одбележува.

Може да ве интересира

Се бара решение за долговите за струја на битолските училишта

Училиштата во општина Битола и студентските домови „Томе Стефановски-Сениќ“ и „Пелагонија“ денеска добија предупредување за …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *