ПОЧЕТНА / ХРОНИКА / Полицаец физички нападнат во СВР-Битола

Полицаец физички нападнат во СВР-Битола

Во текот на денот, полицаецот заедно со уште двајца негови колеги постапувале по поплака и го барале С.Ѓ., а откако не го нашле на наведената адреса, полицаецот му се јавил телефонски и службено стапил во контакт со лице кое се претставило дека е С.Ѓ.

Полицискиот службеник му рекол дека против него има поплака и дека треба службено да разговараат, на што С.Ѓ. одговорил дека е надвор од градот и дека ќе дојде друг ден, а по кратко време С.Ѓ. му се јавил на полицаецот и му се заканил и се обратил со зборови со недолична содржина, по што полицаецот му исклучил.

Во 21 часот, кога со колегите се вратиле во СВР-Битола, во ходникот неколку минути по нив влегол Р.Ѓ. и без никаков разговор му се приближил на полицаецот и со глава го удрил во пределот на устата, по што Р.Ѓ. бил приведен.

Може да ве интересира

Триесетина ученици повредени во сообраќајка на патот Демир Хисар – Кичево

Триесетина ученици од основното училиште „Гоце Делчев“ од Демир Хисар се повредени во сообраќајна несреќа …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *