ПОЧЕТНА / НАЈНОВИ ВЕСТИ / ВЕСТИ / РЕГИОН / Политичко учество на лицата со попреченост

Политичко учество на лицата со попреченост

Јавна дебата за учество на лицата со попреченост во политичкиот и изборниот процес во Македонија се одржа денска во Битола со цел вклучување на оваа категорија на граѓани во општествениот и политичкиот  живот. И покрај тоа што поминаа локалните избори, организаторите на настанот велат дека учеството во политичкиот живот за овие  граѓани треба допрво да започне.

-Градоначалниците и советниците треба да ги вклучат лицата со попреченост во креирање на политики на локално ниви, денеска токму затоа ќе дебатираме дали општините планираат или како досега сами ќе ги кројат политиките и оваа  категорија на граѓани ќе остане без  права-изјави Благица Димитровска-Претседател на здружение за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ .

Од  здружението „Инклузива“ велат дека  основен проблем во сите општини во земјава е пристапот бидејќи  сите тротоари, улици но и влезовите во институциите се непристапни.

Општина Битола ќе даде максимална поддршка и отвореност  кон лицата со попреченост, рече советникот Борче Корлевски. Овие лица ќе  имаат можност да присуствуваат на сите седници на советот на Општина Битола,  како во донесувањето на одлуки од општествен карактер но и во донесување на одлуки во интерес на лицата со попреченост.

-Ние веќе дискутиравме претходно и во програмата имавме најавено особени мерки за лицата со попреченост, каде ќе вклучиме лица резидентни кои што ќе бидат во услуга на лицата со попреченост. Тоа ќе биде заедно во соработка со општините од регионот,Демир Хисар, Новаци, Могила и Ресен и тоа веќе е во постапка на усвојување и реализација, додаде Корлевски.

Главна цел на овој проект е овозможување на поголемо учество на лицата со попреченост во политичкиот и изборниот процес во Македонија, независно гласање, без  помош и влијание на другите. Ваква дебата веќе  втор пат се  одржува во Битола.

Може да ве интересира

Се бара решение за долговите за струја на битолските училишта

Училиштата во општина Битола и студентските домови „Томе Стефановски-Сениќ“ и „Пелагонија“ денеска добија предупредување за …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *