ПОЧЕТНА / СПОРТ / Погба суспендиран три натпревари

Погба суспендиран три натпревари

Пол Погба ќе ги пропушти следните три натпревари на Манчестер јунајтед во Премиер – лигата поради суспензија, откако заработи директен црвен картон во победата над Арсенал (3-1).

Францускиот репрезентативец го остава на цедило својот тим за градското дерби против Манчестер сити кое е закажано за следното коло. Играчот за врска на „црвените ѓаволи“ нема да биде во комбинација ниту за пресметката против Бурнемаут, како и гостувањето во Вест Бромвич албион во рамките од 18. коло во најелитното англиско првенство.

Погба беше исклучен против „топчиите“ во 74. минута од средбата, откако при дуел со Белерин во обид да се освои топката нагазна на ногата на Шпанецот, кој можеше да биде тешко повреден.

Може да ве интересира

Голден Стејт најмалку три седмици без Стеф Кари

Стеф Кари ќе паузира најмалку три седмици од кошаркарските терени по повредата што кошаркарот на …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *