ПОЧЕТНА / СПОРТ / Пелистер со +2 на реваншот во Велес

Пелистер со +2 на реваншот во Велес

Бранителот на титулата од Купот на Македонија, битолски Пелистер на првиот натпревар од осминафиналето го совлада велешки Борец на домашен терен со резултат 4:2. Велешани во Битола покажаа дека годинава се екипа за респект и дека ќе бидат едни од главните конкуренти за влез во ПМФЛ.

По бавниот почеток, Пелистер успеа да поведе со 1:0 преку Матеј Цветановски, кој имаше одличен соло продор по десната страна, по што немаше многу проблеми да го совлада гостинскиот голман за отворање на резултатот. До крајот на првото полувреме, Пелистер се закани преку Ковачев со глава и Филип Петров, кој го погоди левиот дирек, па на пауза се отиде со 1:0.

Во второто полувреме, корнер изведе Петров од левата страна, Ковачев не успеа да ја зафати таа топка, но добро му легна на Лукас, кој го зголеми водството на домашната екипа. Сепак, велешани се вратија во игра, откако Танушев одлично ја изигра целата одбрана на Пелистер, а Кудијан излезе сам очи во очи со Јовановски и намали на 2:1. Потоа пелистерци повторно тргнаа во офанзива, а капитенот Ковачев по центаршутот на Миленковски, од 16 метри биеше неодбранливо со глава за 3:1. За резултатот да биде уште поубедлив се погрижи повторно Лукас за 4:1, а во првата минута од судиското надополнување и направениот фаул од страна на повратникот Драгарски, судијата Ставрев покажа на белата точка и најстрога казна за Борец, а стрелец беше Танушев, кој воедно го постави и конечниот резултат 4:2. Велешани имаа прилика уште повеќе да го намалат резултатот, но ударот кој беше упатен во последните секунди заврши во гредата од голот на Јовановски.

Реванш натпреварот во Велес ќе се одигра на 18-ти октомври.

Може да ве интересира

Костовски нема да настапи против Словачка,Стајиќ на негово место

Македонската машка кошаркарска репрезентација ослабена ќе биде на мечот против Словачка во рамките на првиот …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *